Вчера во 9 часот и 30 минути часот во СВР Скопје било пријавено дека во село Орман, скопско, во близина на реката Лепенец, на место викано „Лески“, било пронајдено тело на починато лице, соопшти МВР.

Според полицијата, нејзини службеници извршиле увид, а по наредба на Јавен обвинител телото било дадено на обдукција, информира МВР.