Како што објави полицијата вчера во 20 часот во СВР Скопје било пријавено дека во домот во кој престојувал на ул.„Марко Цепенков“ во Скопје бил пронајден починат С.К.(56) од Скопје.

Полицијата информира дека смрт без видливи траги на насилство констатирал лекар од Итна медицинска помош, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција, велат од МВР.