Шок и неверување утрово предизвика веста дека фолк пејачката Сузи Анѓелковиќ го изгубила синот Робертино. Стотици пораки со сочувство оставаат блиските на Сузи, како од Македонија, така и од соседна Србија, каде таа настапуваше изминатиот период, објавува „Фокус“.

Причината за ненадејната смрт на младото момче се уште не е позната. Голем дел од нашата естрада од рано утринава и изразува сочувство на Анѓелковиќ, која отсекогаш важела за скромна пејачка и посветена мајка на своите два сина.

Родена е во Власотинце, и ја започна кариерата уште пред околу 25 години. Набргу потоа се пресели во Македонија, од каде ја продолжи кариерата.

Таа сними албуми со македонски песни, и не криеше дека има голема љубов кон Македонија и нашиот народ, пишува Фокус.