Влчера во 9 часот во СВР Скопје било пријавено дека во објект во изградба на улицата „Орце Николов“ во центарот Скопје бил пронајден починат В.Љ.(40) од населба Илинден – Скопје, објави полицијата.

Починатиот бил вработен во градежна фирма од Скопје.

Според МВР, Смрт констатирал екипа од Итна медицинска помош, а увид извршила екипа од СВР Скопје и Трудов инспектор.

Полицијата соопшти дека по наредба на Јавен обвинител, на телото на починатиот била извршена обдукција, по што било предадено на семејството за погреб.