Страшна трагедија се случила вчера на локален пат во селото Тромеѓа, Кумановско, објави полицијата на Северна Македонија.

Како што соопшти МВР во денешниот полициски билтен, трактор управуван од малолетничка излетал од патот и паднал во канал. На местото на несреќата починал сопатникот М. С. (63) од с. Младо Нагоричане, а од страна на лекар од итната медицинска помош констатирана била смрт, велат од МВР.

– Телесни повреди добила малолетничката, констатирани во Општата болница Куманово, рекоа од полицијата.