Како што соопшти полицијата вчера околу 05.35 часот во СВР Скопје било пријавено дека во Клиника за токсикологија – Скопје починал Г.С.(51) од Велес.

Според МВР се работи за лице осуденик од Казнено-поправната установа Идризово, кој во болница бил донесен претходниот ден.

– Лекар констатирал смрт без траги на насилство. За настанот е известен Јавен обвинител по чија наредба телото било предадено на обдукција, се вели во соопштението на МВР.