На 16.10.2022 околу 09.30 часот во СВР Скопје, Ж.И. пријавил дека на планината Китка, на 10 км над с.Вражале, скопско, го пронашле починат Ј.Ј.(33) од Скопје, кој заедно со Ж.И. и уште двајца познаници биле на лов, информираат од МВР.

Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје.

Од лекар од судска медицина е констатирана смрт без траги на насилство.