На 11.12.2021 околу 19,45 часот во Скопје на крстосница од ул.Јустинијан Први со ул.Корџевска патничко моторно возило „форд транзит“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.С.(42) од Скопје, удрило во пешак С.Б.(81) од Скопје.

С.Б. е пренесена во комплекс клиники „Мајка Тереза“ каде и е укажана лекарска помош, но во 23.00 часот починала како последица од повредите. По наредба на јавен обвинител телото на починатата ќе биде предадено за обдукција. Увид на лице место извршила екипа од СВР Скопје.