Телото на давеникот е извлечено од тимот на МВР и понатаму ќе се постапува согласно процедурите за вакви случаи и дополнително ќе следи идентификација и потврда на случајот.

Согласно дојавата од граѓани на 112 во ЦУК и координација на ЦУК со МВР и со Брза помош, попладнево е пронајдено лице, кое е најверојатно тоа коешто си го одзеде животот вчера, фрлајќи се од мостот ,,Близнак” на Булеварот. ,,Србија” во Вардар.

Удавениит човек е лоциран на околу два километра низводно од истоимениот мост.

Повеќе детали наскоро.