Вчера во нешто по 15 часот во Полициска станица Гази Баба е пријавено дека околу 13.00 часот на место викано „Орман трло“ во атар на селото Стајковци, скопско во канал со вода е пронајдена почината З.Д.(78) од с.Стајковци, соопшти полицијата.

Починатата на 07.12.2022 од нејзината ќерка С.С.(45) од Скопје била пријавена за исчезната.

МВР уште информира дека од лекар од итна медицинска помош е констатирала смрт без траги на насилство. За настанот известен е Јавен обвинител по чија наредба телото на починатата е предадено во Судска медицина.