На 11.04.2022 во 16.35 часот во СВР Скопје било пријавено дека на автопатот Куманово – Скопје, во близина на клучка Хиподром, товарно возило „фиат фиорино“, со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.Ѓ.(31) од Скопје, излетало надвор од патот.

На местото на несреќата починал Д.Ѓ., а смрт констатирала екипа од Итна медицинска помош. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје и Јавен обвинител, по чија наредба телото било дадено на обдукција.