На 15.05.2022 во 00.55 часот на магистралниот пат Кичево-Охрид патничко возило „фолксваген голф“, со охридски регистарски ознаки, управувано од А.А.(46) од с.Зајас, излетало од коловозот.

А.А. починал на местото на несреќата, а лекар од Медицински центар Кичево констатирал смрт. Увид на местото на несреќата извршила увидна екипа на ОВР Кичево.