Виктор во минатото беше дел од групата „Фантазија“ со која го сними хитот „Земја пресвета“. Неофицијално, починал од мозочен удар. Како што раскажаа негови колеги, најпрвин се пожалил на болки во вратот, а потоа и во главата.

Виктор Барбутов, вокалистот на „Амајлија бенд“ починал утринава на 43-годишна возраст, откако синоќа му се слошило.

Естрадата денес се збогува со него, во неверување од лошата вест која ги дочекала утрово.

„Цел час го реанимирале, но не можеле да го спасат“- рекле колегите за медиумите.