Времето денеска ќе биде претежно сончево и топло со слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 21, а максималната од 32 до 38 степени. УВ индексот ќе изнесува 8.

Во Скопје, сончево со слаб северозападен ветер. Минималната температура 19, а максималната ќе достигне до 36 степени.

До вторник ќе се задржи стабилно и топло време, кога температурите на места ќе достигнат и 40 степени. Дестабилизирање на времето се очекува од среда, проследено со локален пороен дожд, грмежи и постепено опаѓање на дневните температури.