Соништата со векови ги фасцинирале филозофите и уметниците. Научниците сè уште не разбираат како и зошто сонуваме, а многумина веруваат дека соништата ни испраќаат одредени пораки.

Кога станува збор за соништата во кои ви паѓаат забите, како што пишува Делтаденталва, има многу значења – и добри и лоши.

1. Напредок
Забите често се симболи на растење: се раѓате без заби, добивате млечни заби, ги губите млечните заби, добивате возрасни заби. Кај возрасните, овој сон може да претставува прогресија од една во друга ситуација.

2. Преродба
Сонот за паѓање на забите може да го симболизира раѓањето на нешто ново. Чинот на никнување на забите ја рефлектира напнатоста и понекогаш болката што доаѓа со започнување на нешто ново. Нова работа, нов дом, нова врска или поминување низ период на значителен раст.

3. Чувство на несигурност
Губењето на забите е поврзано со губење и важни животни промени. Овој сон може да укаже дека се соочувате со некој вид загуба, како што е ненадејно раскинување или промена на работното место.

4. Тежок избор
Овој сон може да претставува чувство дека сте ја изгубиле способноста да обработувате критични информации потребни за да донесете одлука.