Момчето кое вчеравечер околу 18.30 часот со својот автомобил падна од патот во дол во близина на велешка „Агриа“ е добро и по укажаната лекарска помош во велешката болница е пуштено на домашно лекување.

Момчето имаше надворешни повреди на глава и по укажаната помош и рендгенско снимање е пуштено на домашно лекување.

Несреќата се случи по лизгав коловоз од дожд. Екипа на СВР Велес треба да утврди што е причината за падот на автомобилот.

Медицинска помош на повреденото 19-годишно момче прво му укажа екипата на Брза помош од Велес која потоа го однесе во Хирушките амбуланти на велешката болница.