Една компанија сака да им плати на луѓето да гледаат експлицитни видеа, сето тоа за истражувачки цели.

Порнографијата може да има многу различни форми на Интернет и е една од најголемите индустрии на планетата. Една компанија сака да добие подобар увид во сексуалните навики на своите корисници и ангажира среќен кандидат кој ќе биде платен да гледа порнографија, а саатницата ќе биде 20 долари, пишува Дејли Стар.

На веб-страницата на компанијата ќе најдете написи за секакви интимни теми, како и рецензии за секс играчки и други производи за возрасни. На успешниот кандидат ќе му биде платено да ги гледа 100-те најгледани порно видеа. Целта на ова „истражување“ е човекот да собере информации како секс пози, времетраење и број на оргазми, односот меѓу мажите и жените во порно филмовите, бојата на косата, говорот.

Секој може да аплицира за оваа работа
Податоците ќе се користат за изработка на детален извештај за трендовите и статистиките во експлицитни видеа. Платата е 20 долари на час, што е над 3.000 долари за 20 работни дена. За оваа работа од соништата може да се пријави секој на возраст од 21 или повеќе години бидејќи тоа е работа на „далечина“.

„Избравме да ги истражиме најчестите сексуални пози во топ 100 најгледани видеа за да создадеме правична претстава за порнографските преференции на луѓето. , објасни Едвина Кајто, креатор на содржина во компанијата.