Жена на возраст од 31 година починала изминато деноноќие по неколку дневна хоспитализација во ковид – центарот во Тетово поради коронавирус.

Жената имала и хронична болест, а развила и инфекција на белите дробови.

Триесет и едногодишната жена имала претходно тешка анемија, а поради коронавирусот имаше развиено и тешка пневмонија.

Секој ден има нови приеми на болни, вчера имаше 47 хоспитализирани пациенти. Од нив 40 се на кислородна поддршка.

Во Тетово бројот на активни случаи заклучно до вчера изнесуваше 572 случаи. Само вчера беа регистрирани 86 нови случаи.