На 04.09.2021 во 18,20 часот било пријавено дека на регионалниот пат Свети Николе-Куманово атар на с.Орашац, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило “лада ваз“ со кумановски регистарски ознаки управувано од Г.К.(64) од Куманово и мотокултиватор “хонда“ со лесна приколка, управуван од В.А.(66) од с.Орашац.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил возачот В.А. и уште една сопатничка од мотокултиваторот С.А.(62) од с.Орашац констатирани во Општата болница Куманово.

Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Куманово.