На 01.09.2021 во 11.45 часот во СВР Струмица било пријавено дека на крстосницата од ул.„Маршал Тито“ со ул.„Димитар Цветинов“ во Струмица, патничко моторно возило „цитроен ц3“ со струмички регистарски ознаки, управувано од С.Д.(36) од Струмица, удрило во велосипед управуван од малолетник од Струмица.

Во незгодата велосипедистот се здобил со тешки телесни повреди констатирани во Медицинскиот центар Струмица.

Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Струмица.