Вечерва на локалниот пат Кавадарци – село Ресава кај месноста викана „Криви дол“, во близина на Тиквешко Езеро, случена е сообраќајна незгода помеѓу два патнички автомобили.

Спроред првичните информации од брза помош повредени се 4 лица, кои со две возила на итните служби се префрлени во амбулантата во Кавадарци.