На 14.05.2023 во 14.45 часот во Полициската станица Гостивар било пријавено дека на регионалниот пат Маврово – Гостивар, во близина на Мавровска крстосница, патничко возило „фолксваген поло“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од Ј.Ј.(64) во с.Беловиште, излетало надвор од коловозот.

Во несреќата, сопатничката во возилото, Б.Ј.(66) од Гостивар, се здобила со тешки телесни повреди, а сопатничката Е.Н.(67) од Гостивар со телесни повреди, констатирани во Ургентен центар Гостивар. По насока на Јавен обвинител, увид на местото на несреќата извршила екипа од Полициска станица Гостивар.