На 11.12.2021 во 10,30 часот во Скопје на крстосница од бул.„Партизански одреди“ со ул.„Ангел Динев“ се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило „рено клио“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Ш.Д.(79) од Скопје, и товарно моторно возило „мерцедес вито“, со штипски регистарски ознаки, управувано од И.К.(40) од Штип.

Со повреди се здобиле возачот Ш.Д. и сопатникот од патничко моторно возило „рено клио“ Д.Д.(72) од Скопје, кои биле пренесени во Градска општа болница „8-ми Септември“ каде кај Ш.Д. биле констатирани тешки телесни повреди а на Д.Д. констатирани и се повреди.

Увид на лице место извршила екипа од СВР Скопје.