На 24.02.2024 во 11.45 часот било пријавено дека на автопатот Тетово-Гостивар, во близина на наплатна станица во Гостивар, товарно возило „ивеко“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од лице(47) од Гостивар, удрило во заштитна ограда и метална канделабра.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Општата болница Гостивар. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Гостивар.