На 09.01.2023 во 11.30 часот во СВР Тетово било пријавено дека на регионалниот пат Пирок-Тетово, на влезот во тетовска Голема Речица, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „мерцедес“, управувано од А.И.(25) од тетовско Горно Седларце и патничко возило „бмв“, управувано од 26-годишниот И.Б. од тетовско Боговиње, двете со тетовски регистарски ознаки.

Во несреќата, сопатничката од возилото „бмв“, Р.Б.(62) од Боговиње, се здобила со тешки телесни повреди, а возачот на истото возило се здобил со телесни повреди, констатирани во тетовската Клиничка болница. На местото на несреќата увид извршила екипа од СВР Тетово.