Последните неколку денови во регионот се случуваат процеси кои потсетуваат на некои лоши времиња од минатото, пишува 24инфо.мк.

На северот на Косово во последните денови растат тензиите, откако беа уапсени неколку лица од српска националност а стигнуваа вести за пукање кон полициските единици.

Српскиот претседател Вучиќ најави дека Србија ќе бара дозвола за испраќање на околу 1.000 српски безбедносни сили согласно Резолуцијата 12/44 што косовската страна го протолкува како отворена провокација која ќе доведе до дополнително радикализирање на состојбата.

Во меѓувреме Македонија е под постојан хибриден напад со лажни дојави за бомби. Откако првенствено таргет беа средните училишта, заканите за поставени бомби се прелеаја и кон државни институции, но и приватни субјекти па дури и станбени згради.
ГТЦ, „Ист Гејт“ кулите „Џевахир“ како и зграда на МНР денеска беа евакуирани поради дојави за поставени бомби.

Утрово и Црна Гора се разбуди со неколку дојави за поставени бомби во објекти на училишта.

Дојавите освен што предизвикуваат паника кај граѓаните и дополнително го трошат системот на безбедност и имаат за цел негова парализа.

Многу стручњаци сметаат дека ваквите хибридни напади се со еден центар за кој се сомневаат дека е сместен во Русија а како поткрепа на тоа го издвојуваат фактот што руските структури и претходно вршеле слични напади и на далеку поголеми и посилни држави отколку што се Македонија и Црна Гора.

Вториот факт тие го гледаат во тоа што на Русија, на која не и оди воопшто добро во Украина и е потребно проширување на конфликтот и отворање нови фронтови но тие да бидат што подалеку од нејзините граници и во земји членки на НАТО, со цел да се дестабилизира Алијансата.

Светски безбедносни аналитичари тврдат дека војната во Украина дополнително ќе се разгорува, па доколку хибридните напади навистина се сторени или инспирирани од Москва, сигурно ќе продолжат со несмален интензитет, пишува 24инфо.мк.