Темпото на вакцинација забавено, има доволно дози за ревакцинација, но само 10.000 први дози
Vestiplus.mk
+МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Темпото на вакцинација забавено, има доволно дози за ревакцинација, но само 10.000 први дози

Забавено се одвива темпото на вакцинација неделава, бидејќи има сосема доволен број вакцини за ревакцинација, но мал е бројот на вакцини кои како прва доза би им се дале на заинтересираните граѓани. Министерот за здравство Венко Филипче денеска изјави дека во земјава има околу 230.000 вакцини наменети за ревакцинација на оние лица кои веќе примиле прва доза, додека под 10.000 вакцини се наменети за аплицирање на прва доза на граѓаните кои чекаат на ред за да бидат имунизирани.

Филипче очекува дека наредната недела ќе пристигнат 20.000 дози вакцини како донација од Грција, како и 50.000 дози вакцини што ќе бидат донација од Бугарија. Со овие вакцини, се очекува да се засили темпото на вакцинација во земјава. Воедно, министерот рече дека во јуни треба да се зголеми бројот на дози на вакцини што на неделно ниво ќе пристигнуваат секој понеделник од „Фајзер/Бионтек“. Филипче во јуни очекува да пристигнат вакцини преку КОВАКС механизмот, како и кинеските вакцини.

Иако на почетокот од годинава беа порачани и 200.000 дози од руската вакцина „Спутник В“, сепак Филипче денеска изјави дека нема конкретни податоци кога би пристигнале овие вакцини. Тој спомена дека разговарал и со рускиот амбасадор во Скопје, но и со претставници од московскиот институт, но засега не може да каже кога би пристигнале овие вакцини.

Исто така, Филипче денеска информираше дека Србија нема да може да ги извезе потребните количини на вакцини „Астра Зенека“ потребни за втора доза за пациентите над 60 години, кои изминатава пролет примија прва доза во Србија. Ова значи дека во земјава за овие граѓани ќе се лансира нов сајт „Ревакцинација.мк“, на кој тие ќе можат да се пријават, додека за нивната ревакцинација ќе се обезбедат дози од веќе пристигнатите вакцини на „Астра Зенека“ во земјава.

Во однос на вакцинирањето, Филипче појасни дека изминатиов период завршила вакцинацијата на сите трансплантирани пациенти и пациентите на дијализа. Во тек е вакцинацијата на пациенти со ретки болести, а следни на ред се лицата со хронични белодробни заболувања.

Министерот Филипче додаде дека неделната инциденца опаѓа, и во моментов изнесува околу 35 активни случаи на ковид-19 на 100.000 жители. Тој очекува многу брзо да ја достигнеме фазата „спорадично ширење на болеста“, односно инциденца од под 20 случаи на 100.000 жители. Тогаш би следувало и следно олабавување на мерките. Сепак, и доколку успееме да стигнеме до ваквата инциденца, Филипче рече дека тоа нема да ги измени критериумите за влез во странските земји на македонските граѓани, односно ќе треба и понатаму да се прават ПЦР тестови, или да има доказ за примени две дози на вакцина.

Министерот за здравство повтори дека претстојново лето ќе работат на соодветен протокол којшто ќе овозможи учениците и студентите да се вратат со физичко присуство на настава од 1 септември. Ја разгледуваат и можноста за вакцинација на учениците на возраст од 12 до 16 години, која сепак не би била задолжителна. Сепак, Филипче дополни дека тековната учебна година учениците би ја завршиле со онлајн настава.

Во однос на предлозите за ублажување на мерките од Комисијата за заразни болести за периодот по 1 јуни, Филипче спомена дека полицискиот час ќе остане на сила, за да се ограничат дополнителните групирања во ноќните часови. Во случаите на организирање свадби, ќе биде дозволена музика во угостителските објекти, но за организирање на концерти и други настани со позначителен број на присутни лица засега не е време да се дозволат.

Филипче информираше состојбата во болниците низ земјата е значително подобрена, работат само инфективните одделенија во кои се сместени ковид пациенти и нема повеќе потреба од ротација на медицински кадар.

Повеќе од интернетот…

  • Biznispro.com
  • Centar.mk
  • Zena.mk
Следува предвремена исплата на пензиите – ова се датумите кога ќе биде исплатена пензијата

Владата на Република Северна Македонија, на денешната седница, ја разгледа и усвои Информацијата од Министерството за труд и социјална политика за исплата на пензии за месец март 2023 година. Задолжен е Фондот за пензиското и инвалидското осигурување на Северна Македонија да ги достави податоците за пензиите до деловните банки најдоцна до 27.03.2023 година. Се препорачува […] The post Следува предвремена исплата на пензиите – ова се датумите кога ќе биде исплатена пензијата appeared first on BiznisPRO. Прочитај повеќе...

Граѓаните ќе може да добиваат поврат до 8.400 денари од лице годишно, наместо досегашните 7.200 – Мерката “Мој ДДВ” дава резултат и за граѓаните и за државата

Во собранието се изгласа предлог измената на Законот за враќање на дел од ДДВ на физички лица. Оваа измена е со цел од 1 јануари 2023 да се зголеми лимитот на повратот со што наместо 1.800 денари за тримесечие, граѓаните ќе може да добијаат максимален износ од 2.100 денари. Ова значи дека еден граѓанин ќе […] The post Граѓаните ќе може да добиваат поврат до 8.400 денари од лице годишно, наместо досегашните 7.200 – Мерката “Мој ДДВ” дава резултат и за граѓаните и за државата appeared first on BiznisPRO. Прочитај повеќе...

Нова цена на горивата

Регулаторната комисија за енергетика денеска ќе стокми нови цени на горивата кои ќе важат во текот на следната седмица. Во моментов цената на лондонската берза за барел нафта изнесува 83 американски долари, додека на американската е поевтина. Во моментов цените на горивата се – Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 82,00 (денари/литар), Моторен бензин ЕУРОСУПЕР […] The post Нова цена на горивата appeared first on BiznisPRO. Прочитај повеќе...

Посебен режим на сообраќај утре во Скопје

Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека утре, вторник, , поради најавено одржување на мирен протест, со почеток во 12.00 часот на бул.„Илинден“ полициски службеници од СВР Скопје ќе преземат мерки за посебен режим на сообраќајот. Секторот за внатрешни работи Скопје апелира до сите граѓани да ги почитуваат наредбите... Прочитај повеќе...

Битиќи: Верувам во потенцијалот на домашниот старт ап екосистем

Заменик претседателот на Владата на Република Северна Македонија задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, присуствуваше на презентација на 10-те инвестиции поддржани од акселераторот УКИМ. Вицепремиерот Битиќи изјави дека презентацијата е организирана со цел, тие да ги презентираат нивните решенија пред инвеститорите и секако пред... Прочитај повеќе...

Жител од тетовско со нож нападнал и расекол соселанец

Вчера попладне 69-годишен жител на тетовското село Мала Речица е уапсен откако 51-годишен соселанец го пријавил дека го нападнал и го расекол со нож, велат од полицијата. „Полицајци од СВР Тетово на 26.03.2023 околу 18.25 часот го лишиле од слобода 69-годишниот Џ.З. од тетовска Голема Речица, кој час и половина... Прочитај повеќе...

Еве што се случува во телото на жената за време на ПМС: Хормоните се главни виновници за се

Најголема улога во женското репродуктивно здравје имаат хормоните кои регулираат голем број процеси во организмот. Така, под влијание на хормоните може да се забележат одредени појави во телото на жената во текот на менструалниот циклус, како физички така и емоционално. Покрај тоа што главните симптоми на менструацијата се болни грчеви во стомакот, најверојатно жената ќе... Прочитај повеќе Чланак Еве што се случува во телото на жената за време на ПМС: Хормоните се главни виновници за се се појављује прво на Zena.mk. Прочитај повеќе...

СТАНЕТЕ КРАЛИЦА НА ФЛЕРТОТ, А ЕВЕ И КАКО – Седум трикови за заведување на кои мажите никогаш не можат да одолеат

Ако мислите дека физичкиот изглед е главниот фактор за успешно флертување, вие сте осудени на неуспех. Самодовербата и шармот се поважни од физичкиот изглед. Изгледот е, да не се лажеме, важен, но без шарм и уште неколку ситници е недоволен за успешно заведување. Секако, секој има своја тактика за заведување, но постојат одредени испробани трикови... Прочитај повеќе Чланак СТАНЕТЕ КРАЛИЦА НА ФЛЕРТОТ, А ЕВЕ И КАКО – Седум трикови за заведување на кои мажите никогаш не можат да одолеат се појављује прво на Zena.mk. Прочитај повеќе...

Не сте сигурни дали тој е вистинскиот? – Овие 5 прашања треба да си ги поставите по три месеци врска

Бидете искрени со себе бидејќи од тоа зависи иднината на вашата врска. Откако ќе поминат првичниот занес и огномет од емоции, секоја врска достигнува точка на прекршување. Тогаш е време да се преиспитате себеси и вашите чувства и да одлучите дали врската има иднина или не. Сосема е нормално дека во одредени ситуации нема да... Прочитај повеќе Чланак Не сте сигурни дали тој е вистинскиот? – Овие 5 прашања треба да си ги поставите по три месеци врска се појављује прво на Zena.mk. Прочитај повеќе...

Можеби ќе ве интересира...

Приведен крадец во Прилеп, фатен на дело

Vesti +

Фон дер Лејен: ЕУ се уште не е целосна, но имаме пријатели и партнери како Северна Македонија

Vesti +

204 санкции за брзо возење

Vesti +

Апсење на Долно Блаце

В+

Претрес во Зелениково, пронајдени оружје и муниција без дозвола, приведено лице

Vesti +

Ковачевски од Кочани: Општинските раководства ќе се бираат непосредно, исто како и претседателот на партијата

В+