Глобалната економија поминува низ тешка состојба, оцени академик Таки Фити за време на годишната конференција „Година за нови можности“. Според него кризата со Ковид-19 иако била краткорочна, предизвикала најсилен пад на економската активност, а исто така и актуелната енергетска криза, што довело до состојбата економиите да се справуваат со сериозни предизвици.

-Се намалуваат прогнозите за растот на светските пазари. Со последниот извештај на ММФ, светскиот раст беше проектиран на 2,7%, наспроти 3,2% какви што беа претходните предвидување. Скоро една третина од светските економии ќе влезат во рецесија. Рече Фити.

Тој додаде дека и ЕУ и нашиот најголем трговски партнер, Германија, се соочуваат со сериозни проблеми.

-Тоа има силен импакт врз македонската економија, поради таа синхронизираност на бизнис циклусите во Европската унија со состојбите во економијата во Македонија, кажа професорот Фити.

Според него, ако домашните фирми обезбедат квалитет странските компании ќе бидат заинтересирани за вложување.