Светската здравствена организација (СЗО) објави дека во последните 24 часа е регистриран рекорден број на новозаразени од Ковид-19 во светот, односно повеќе од 350.000 нови случаи.

Новиот рекорд го надминува претходниот максимален дневен број на заразени за речиси 12.000 инфекции. Докторот Мајкл Рајан од СЗО на прес-конференција рече дека засега нема нови решенија против ширењето на вирусот.

Тој додаде дека СЗО сака да избегне повторно воведување карантин, што ја уништува економијата, но затоа владите мора да обезбедат заштита на најранливите групи и да спроведат други мерки.