Градоначалникот на општина Аеродром Тимчо Муцунски да не шири дезинформации, велат од СВР Скопје откако денеска градоначалникот на Аеродром Муцунски преку Фејсбук статус го обвини МВР за несоработка, а околу организирање на манифестација во општината.

СВР Скопје на нашето прашање ни одговори дека на барањето на општина Аеродром за организирање на настан на јавен пат, било соодветно одговорено и укажано дека согласно член 155 став 1 од ЗБСП на јавен пат можат да се одржуваат спортски и други приредби, врз основа на добиено одобрение од МВР, по претходна согласност од правното лице надлежно за одржување на патишта, а согласно член 156 став 3 од ЗБСП кога заради одржување на приредба е неопходно ограничување или запирање на сообраќајот, организаторот е должен за тоа да изработи сообраќаен проект и да ја извести јавноста преку средствата за јавно информирање или на друг соодветен начин, најмалку 48 часа пред приредбата. “Бидејќи не беа испочитувани законски предвидените услови, не е можно да се затвори сообраќајницата , велат од СВР Скопје.