На седницата, на предлог на Министерството за труд и социјална политика е усовена Информацијата за исплата на пензиите за месец декември 2022 година и е задолжен Фондот за пензиското и инвалидското осигурување на Северна Македонија да ги достави податоците за пензиите до деловните банки најдоцна до 26.12.2022 година.

Се препорачува на деловните банки, да обезбедат, пензионерите да може да располагаат со декемвриските пензии преку мрежата на банкомати и во трговската мрежа од 27.12.2022 година.

Се препорачува на деловните банки, преку филијалите и експозитурите на банките, да обезбедат готовинска исплата на пензии за клиентите кои не користат картички, во четири групи, според висината на пензијата и тоа:

– За пензии со висина до 11.000 денари, исплатата да се изврши на 27.12.2022 година (вторник);
– За пензии со висина 11.001-14.000 денари, исплатата да се изврши на 28.12.2022 година (среда);
– За пензии со висина 14.001-18.000 денари, исплатата да се изврши на 29.12.2022 година (четврток), и
– За пензии со висина над 18.001 денари, исплатата да се изврши на 30.12.2022 година (петок).