Во мојата Програма јасно и прецизно наведени се проектите кои треба да бидат во наредниот четиригодишен период реализирани и тука пред се мислам на урбанистичкиот дел, кажа кандидатот за градоначалник на СДСМ за Прилеп, Горан Сугарески на дебатата на ТВ24. Тој кажа дека инфраструктурата на градот ќе биде приоритет, но исто така и можностите за развој на младите и спортот. 

-Прво треба да имаме предвид дека во 2023-та година истекува десетгодишниот генерален Урбанистички план и треба нов да се направи и тука е планирано да направиме поголем тип на градежен опфат, се со цел да им се овозможи на инвеститорите во наредниот период да реализираат поголем број на проекти и оние замисли коишто ги имаат и компаниите и граѓаните, кажа Сугарески.

Тој додаде дека влезовите на градот треба да бидат огледало на градот.

-Согласно проектот на Светска банка којшто го работевме во Министерството за транспорт и верски за локални патишта и улици веќе се обезбедени средства и веќе од наредната година едниот излез на градот, кон крушевско ќе се гради и обезбедени се средства, а проектот е во Министерството. Тоа значи дека очекуваме до крај на година да биде тендериран и од наредната година со државни средства, значи без пари на општината, еден од влезовите да биде изграден, рече Сугарески.

Тој кажа дека влезот кон Скопје исто така ќе се гради со булеварски решенија, а дополнително изградбата на плоштадот ќе се продолжи до новата Автобуска станица.