На 07.08.2021 во 04.00 часот во Полициската станица Прилеп било пријавено дека на локалниот пат с.Лажани-с.Житоше се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „фолксваген голф“, управувано од В.К.(38) од с.Кривогаштани, прилепско и трактор „фергусон“,управуван од А.Ш.(65) од с.Житоше, двете со прилепски регистарски ознаки.

Во незгодата возачот В.К. се здобил со тешки телесни повреди, а возачот на тракторот се здобил со телесни повреди, констатирани во болницата во Прилеп.

Увид на местото извршила екипа од Полициската станица Прилеп.