Утрото студено, по одделни котлини и речни долини со појава на магла или ниска облачност. Преку денот претежно сончево со слаб ветер од јужен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 3, а максималната ќе достигне од 14 до 19 степени.

Утре ќе се задржи стабилно и претежно сончево време со студено утро и со утринска магла по одделни котлини. Кон крајот на денот облачноста ќе се зголеми, а врнежи од дожд ќе има во вторник претпладне. Од вторник, особено вдолж Повардарието, ќе дува умерен до засилен јужен ветер, а утринската температура значително ќе се зголеми. Од среда во пораст ќе биде и дневната температура.