Утре ќе биде умерено облачно и нешто потопло. Во западните делови повремено значително облачно со краткотраен локален дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер од западен правец, особено изразен во западните делови

До среда ќе преовладува променливо облачно време со услови за краткотраен локален дожд, претежно во западните делови.

Од вторник температурата значително ќе се намали, а вдолж Повардарието повремено ќе дува засилен северен ветер.

Прогноза за 21.09.2021
Минимална температура: 8°C до 17°C
Максимална температура: 21°C до 30°C
Умерено облачно и посвежо, во западните планински делови со услови за краткотраен локален дожд. Ќе дува слаб до умерен, а вдолж Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец.

Прогноза за 22.09.2021
Минимална температура: 7°C до 16°C
Максимална температура: 16°C до 26°C
Променливо облачно и свежо со услови за краткотраен локален дожд, претежно во западните делови. Ќе дува слаб до умерен, а вдолж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец.

Прогноза за 23.09.2021
Минимална температура: 3°C до 14°C
Максимална температура: 17°C до 25°C
Наутро студено, а преку денот претежно сончево. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, особено претпладне.