Наутро многу студено, преку денот сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец, особено долж Повардарието. Минималната температура ќе биде во интервал од -12 до -3, а максималната ќе достигне од -3 до 4 степени.

Добивај вести на вибер
Во Скопје сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до -6, а максималната ќе достигне 2 степена.

Следува период на стабилно и студено време, особено наутро кога минималните температури на места ќе се спуштаат и под -10 степени. Дневните температури ќе бидат во постепен пораст.