Стражар во рудник во Прилеп е пронајден мртов под неговиот автомобил.

Според информациите на МВР, вчера В.Д. вработен во рудник во Прилеп пријавил во полиција дека М.Т.(63) од с.Беловодица, вработен како стражар во рудникот, бил пронајден починат под својот автомобил „југо“ со прилепски регистарски ознаки.

Увид бил извршен од јавен обвинител, по чија наредба телото на починатиот е предадено за обдукција.

The post Стражар во рудник во Прилеп пронајден мртов под неговиот автомобил appeared first on Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт….