Додека министерот Шојгу и генералот Суровикин ги објаснуваа причините за руското повлекување од градот Херсон, Владимир Путин никаде го немаше.

Владимир Путин не сака да објавува лоши вести, а загубата на Керсон не само што е страшна вест за Русија, туку и личен срам за „царот на Кремљ“, наведуваат медиумите.

Пред нешто повеќе од еден месец Путин триумфално објави дека заземените украински региони Луганск, Донбас, Запорожје и Керсон се присоединуваат кон Русија. А само триесет дена подоцна, во градот Керсон повторно ќе се вее украинското знаме.

Затоа, не треба да чуди што Путин денеска нема да зборува во јавноста за поразот во Херсон, туку попрво ќе се дружи со шефицата на рускиот институт за јавно здравје Вероника Скворцова, наведуваат медиумите.

Според NI Times, Путин со недели ги одбива барањата на военото раководство за повлекување на армијата од Керсон. Генералите го предупредија дека моралот на армијата е на дното, дека им се заканува опасност да бидат опколени и прегазени од Украинците, но Путин упорно повторуваше – не, не и не. До денес. Сега останува да видиме како Шојгу и компанија успеале да го убедат Путин да направи срамен потег.

Според аналитичарите, загубата на Керсон е можеби пресвртна точка на целата војна. Русите се протерани на левата страна на Днепар и јасно е дека можат да се збогуваат со две големи цели – освојувањето на Одеса и анексијата на Молдавско Придњестровје. Додуша, веќе неколку месеци е јасно дека оваа руска армија нема капацитет да го освои најголемото украинско пристаниште, а загубата на Херсон е само потврда дека Одеса полека може да се врати во нормалниот живот.

Многу поболно сознание за Русија е фактот дека украинската армија со освојувањето на западниот брег на реките Днепар се повеќе се доближува до својата света цел – Крим. Токму ова го спомена денеска советникот на претседателот Зеленски, Антон Герашенко.

Како и да е, во следните неколку недели ќе биде интересно да се види во кој правец ќе продолжи украинската контраофанзива.