Ужасна сообраќајка несреќа кај „Ѓавато“ по што на лице место загинале двајцата возачи.

– На 01.07.2021 во 22.40 часот било пријавено дека на магистралниот пат Битола-Ресен, кај превој „Ѓавато“, во близина на мостот над село Кажани, се случила сообраќајна незгода помеѓу влечно возило „даф“ со приклучно возило „череау“, со ресенски регистарски ознаки, управувано од З.С.(59) од Ресен и патничко возило „опел мерива“, со охридски регистарски ознаки, управувано од В.С.(53) од Охрид, соопштуваат од полиција.

Според пријавеното нд здобиените повреди на местото на незгодата починале двајцата возачи.

Смрт констатирал лекар, а увид извршиле увидна екипа од СВР Битола и Јавен обвинител, по чија наредба телата на починатите се дадени за обдукција.