Не гледаме никакви назнаки дека рускиот претседател Владимир Путин го сменил својот план за контрола на цела Украина и за промена на меѓународниот поредок, изјави генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг.

Тој вели дека војната би можела да трае долго и дека светот би требало да се подготви за тоа. Додаде дека НАТО мора да ја поддржи Украина, да ги одржи санкциите против Русија и да ја зајакне својата одбрана и средствата за одвраќање.

Конфликтот во Украина ќе продолжи со години, велат од Пентагон. Пентагон објави предвидување дека војната ќе се одолговлекува.

Војната почна на 24 февруари, кога Русија ја нападна Украина.

Kaко што објави канцеларијата на високиот комесар за човекови права во Обединетите нации (ОХЦХР), од почетокот на руската инвазија на Украина досега се убиени најмалку 1.563 цивили.