Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 3 дена (од 02.09 до 04.09.2022):

Направени се 1.308 тестови, а регистрирани се 254 нови случаи на КОВИД-19: Скопје – 143, Битола – 22, Охрид – 11, Куманово – 10, Тетово – 9, Кавадарци – 7, Велес – 6, Кичево и Кочани – по 5, Прилеп, Гостивар и Штип – по 4, Струмица и Гевгелија – по 3, Неготино, Ресен, Свети Николе, Крива Паланка, Берово, Валандово и Крушево – по 2, Струга, Делчево, Виница и Кратово – по 1.

Од вкупниот број на позитивни (254), регистрирани се 61 реинфекции.

Регистрирани сe 412 оздравени пациенти од: Скопје – 231, Битола – 37, Куманово – 20 Охрид – 18, Прилеп – 13, Кавадарци – 10, Велес – 9, Тетово, Кочани, Струмица и Струга – по 7, Гостивар и Крива Паланка – по 6, Неготино и Богданци – по 5, Штип и Гевгелија – по 4, Крушево и Дебар – по 3, Кичево, Свети Николе и Берово – по 2, Ресен, Виница, Кратово и Пробиштип – по 1.

Во текот на изминатите 3 дена (02.09 – 04.09.2022) пријавени се 4 починати лица, од Скопје (76г), Пробиштип (62г), Велес (88г) и Виница (86г). Сите лица се починати во болнички услови. Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин нема регистрирани починати лица.