Денес се регистрирани 262 нови лабораториски позитивни случаи на SARS CoV-2, со што вкупната бројка на дијагностицирани лица со КОВИД-19 изнесува 305.979- Оздравени се 326 пациенти – пријавенo е едно починато лице.

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа:

Направени се 2.225 тестови, а регистрирани се 262 нови случаи на КОВИД-19: Скопје – 138, Битола – 25, Кавадарци – 17, Охрид – 15, , Прилеп – 11, Куманово – 8, Делчево – 6, Тетово и Кичево – по 5, Велес, Струмица, Штип и Гевгелија – по 4,Кочани – 3, Гостивар, Ресен, Валандово и Крушево – по 2,Сруга, Неготино, Свети Николе Радовиш и Виница – по 1.
Од вкупниот број на позитивни (262), регистрирани се 39 реинфекции.

Регистрирани сe 326 оздравени пациенти од: Скопје – 188, , Битола – 26, Прилеп – 16, Кавадарци и Охрид – по 15, Велес – 13, Куманово – 12, Кочани – 9, Струмица – 7, Делчево – 6, Кичево и Гевгелија – по 5, Берово – 3, Ресен, Валандово, Крушево, Неготино, Кратово и Пехчево – по 1.

Во текот на изминатите 24 часа, регистрирано е едно починато лице од Скопје (87г), во болнички услови. Кај починатото лице (1) е регистриран коморбидитет.

Направени се 2.225 тестови преку: ИЈЗ-210, ЦЈЗ Скопје-112, ЦЈЗ Битола-71, ЦЈЗ Прилеп-30, ЦЈЗ Тетово-23, ЦЈЗ Куманово-60, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-18, УК Пулмологија со алергологија –0, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–183, Жан Митрев (Филип Втори)-50, Авицена-58, Биотек-72, Систина-36, лабораторија Лаор-58, Синлаб-8, Ремедика-15, Плодност-15, Генеа-6, Никоб Лаб-124, ВФВ Медикал-63, Ели Медика Плус-15, Ројал Медика–3, Спектра-ММ-2, Рапид Лаб–5, Жан Митрев Струмица–5, Нова Лаб Дијагностика–1, Рамус-10, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 972.

Досега во земјата се направени вкупно 1.962.489 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 305.979, бројот на оздравени пациенти е 294.988, на починати е 9.221, а бројот на активни случаи изнесува 1.770.