Американскиот претседател Џо Бајден одржа говор вечерва во полскиот главен град Варшава, во кој жестоко ја предупреди Русија да „не стапнува ни педа од територијата на НАТО“.

Бајден рече дека единственото нешто што може да ја запре Москва и да ја принуди да го промени правецот е „брз и жесток одговор“.

„Оваа војна е веќе стратешко фијаско за Русија. Путин научи малку од историјата кога го потцени одговорот на Украина. „Нападот на Украина не е потег на голема нација“, заклучи американскиот претседател.

Тој им порача на Украинците да се подготват за долга војна.

„Оваа борба нема да заврши во наредните денови или месеци“, рече Бајден. Русија ја задави демократијата. Тврдењето на Путин за денацизирање на Украина е лага, тоа е цинизам – и тој тоа го знае. „Претседателот Зеленски е демократски избран, тој е Евреин, семејството на неговиот татко беше збришано во нацистичкиот холокауст и Путин има смелост, како и сите автократи пред него, да верува дека тоа што го прави е правилно“ рече Бајден.

На крајот од своето обраќање во Варшава, тој зборуваше и за ефектот од санкциите против властите во Москва.

„Санкциите ја нарушија силата на Русија и нејзината валута е уништена. Потребни се околу 200 рубљи за долар“, рече Бајден, што предизвика општ ентузијазам кај присутните.

А Путин е виновен за се“, заклучи американскиот претседател.