Сојузот на синдикати на Македонија ја повлекоа поддршката за штрајкот на просветните работници организиран од СОНК, изјави претседателот на ССМ, Дарко Димовски во „Утрински брифинг“.

„Ние на СОНК му дадовме безрезервна поддршка … се до вчера. Вчера не ми се допадна излагањето на претседателот Јаким Неделков бидејќи можеше барем да ја говори вистината до крај и кога ќе ги поведе луѓето на штрајк, зборувам за просветните работници требаше да им каже што ќе се случи доколку штрајкуваат и кои се правилата на игра во штрајк“ рече Димовски.

Тој додаде дека штрајкот не е авантура и дека од тоа на крајот трпат работниците, бидејќи се знаат правилата на игра во штрајк.

„Кај се мали платите во образованието, па сега и Владата ќе им плати само придонеси. Мора малку да се свестиме и да знаеме кој ни го води штрајкот“ рече Димовски.