Во Будимпешта, главниот град на Унгарија, уапсен е српски државјанин обвинет за убиство на 33 Косовари пред 23 години.

Апсењето се случило откако специјалниот претставник на генералниот секретар на Обединетите нации на Косово распишал меѓународна потерница, потврдија за Унгарската новинска агенција (МТИ) од Канцеларијата на главниот обвинител на Будимпешта.

Потерницата издадена минатиот месец се однесува на воени злосторства извршени врз цивилното население.

Како што е наведено, осомничениот и двајца негови соработници се обвинети за помагање и поттикнување напад во Косово во 1999 година, кој резултираше со смрт на 33 цивили.

Обвинителството ќе контактира со косовските правни органи преку унгарското Министерство за правда, се наведува во соопштението, во кое се додава дека унгарскиот суд го испитува процесот на екстрадиција на осомничениот.