Исчезнатите девојчиња се најдени вечерва објавено е на социјалните мрежи.

Засега нема официјална потврда, но профилот на фејсбук кој претходно објави видео од последниот период кога биле забележани девојките објави дека девојките се најдени.

Како што претходно објавивме две девојчиња од Струмица на возраст од 12 и 14 години исчезнаа во Скопје околу 16 часот. Тие биле дојдени на екскурзија во Скопје, а трагата им беше изгубена во близина на Веро Џамбо.

Се очекува потврда од полицијата.