Заменик претседателката Сања Лукаревска и потпретседателот Стефан Богоев, денеска се сретнаа со претставниците на Социјалдемократската партија на Босна и Херцеговина, Лана Прлиќ, потпретседателка и пратеничка од СДП во Федералниот парламент на БИХ и Исмет Лулиќ, претседател на Кантоналниот одбор на СДП во Херцеговско-неретванскиот кантон.

На средбата се разговараше за повеќе актуелни теми, за предизвиците во реализацијата на социјалдемократските идеолошки определби во време на светска економска и енергетска криза, како и за европската иднина на двете пријателски држави.

Иднината на двете држави и на нашите народи е во Европската унија, иднина која носи напредок, економски развој, како и меѓусебно разбирање и почитување, а тоа и во Босна и Хецеговина и во Северна Македонија е можно само ако владите, државните институции се водени од социјалдемократи, беше заеднички заклучено од страна на двете делегации.

Од некогаш карактеризиранa како заробена држава, Северна Македонија денес е членка на НАТО, претседава со најголемата безбедносна организација ОБСЕ и почна преговори со ЕУ и сето тоа е заслуга на политиките и решенијата на СДСМ.

На средбата заеднички беше поздравена соработката меѓу двете сестрински партии, со уверување дека таа дополнително ќе се продлабочува во интерес на двете држави но и на регионот на Западен Балкан.