Vestiplus.mk
БИЗНИС

Средба Павлески – Смирлис: Подобрување на регионалната соработка клучно за нови инвестиции и трговска размена

Во рамки на Skopje Economic Forum, директорот на Агенцијата, г-дин Дејан Павлески оствари средба со г-дин Јоанис Смирлис, Генерален секретар за меѓународни економски односи од МНР Грција.

На средбата беа разгледани можностите за заеднички проекти и прашања за јакнење на  регионалната соработка поврзани со заеднички инвестиции и трговска размена. Тие се согласија за превземање на активности меѓу Invest North Macedonia и ENTERPRISE GREECE кои ќе треба да следат во наредниот период како резултат на потпишаниот Меморандум за разбирање на инвестициската и трговската соработка меѓу двете Агенции.

Меморандумот за разбирање на инвестициската и трговската соработка е потпишан на ниво на министри за надворешни работи на Северна Македонија и Република Грција во јануари 2021 година.

Можеби ќе ве интересира...

„Брако“ со возилата „Грин Машинс“ од утре учествуваат на престижниот ИФАТ саем во Минхен

В+

Одлична вест: Се намалува цената на бензинот и дизелот

В+

“Алкалоид” пушти во употреба нова инвестиција вредна 1.8 милиони евра

В+

Вртоглави цени на горивата во регионот: Кој плаќа за најскап безоловен бензин, а кој за Еуродизел

Vesti +

Плоштадите на 16 милионскиот Истанбул заблескаа со новите „Грин Машинс“ од Велес

В+

Донација на ОКТА по повод Светскиот ден за борба против гладта

В+