Средба на Шахпаска - Паолучи: Продолжува соработката меѓу МТСП и Светска банка за унапредување на социјалната заштита, но и за градење на човечкиот капитал и зголемување на вработливоста на населението
Vestiplus.mk
БИЗНИСМАКЕДОНИЈА

Средба на Шахпаска – Паолучи: Продолжува соработката меѓу МТСП и Светска банка за унапредување на социјалната заштита, но и за градење на човечкиот капитал и зголемување на вработливоста на населението

Министерството за труд и социјална политика и Светска банка во Северна Македонија ќе продолжат интензивно да соработуваат во делот на унапредувањето на социјалната заштита, зголемување на вработливоста на ранливите групи граѓани, особено на жените, но и на градење на човечки капитал како суштествен елемент за напредок на едно општество. Ова беше заклучено на денешниот состанок на министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска со директорот на Канцеларијата на Светска банка во Северна Македонија, Масимилиано Паолучи.

На средбата се разговараше за можностите за активација на што поголем број лица на пазарот на труд, но и за унапредување на капацитетите на институциите.

„Оваа година во Оперативниот план на активни програми и мерки, воведени се три нови принципи, односно справување со негативните ефекти и последици врз пазарот на труд и вработеноста, предизвикани од пандемијата на COVID-19, поттикнување на рамномерен регионален развој и принципот на диверзитет и инклузивност. Направивме конекција помеѓу Центрите за социјална работа и Агенцијата за вработување, со цел да се мапираат највработливите лица од семејствата приматели на гарантирана минимална помош и истите да бидат активирани на пазарот на трудот. Додека пак, за најневработливите, лицата со попреченост, Ромите, ранливите категории на граѓани, овозможивме обуки со кои истите би станале работоспособни“, рече Шахпаска.

Во моментов, Министерството за труд и социјална политика, го спроведува Проектот за подобрување на социјалните услуги (ППСУ) со наменскиот заем во вредност од 28,7 милиони евра кој Владата на Република Северна Македонија го доби од Светска Банка. Како дел од првата компонента на овој проект, која има за цел да го зајакне целокупниот систем на обезбедување социјална заштита, потпишани се 19 договори со 24 општини. Како дел од втората компонента, која има за цел да го зголеми пристапот до квалитетни услуги за ран детски развој, изградени се две детски градинки, а во изградба се уште 9 градинки.

„Напредокот е во луѓето. Проектот којшто го подготвуваме се однесува токму на развој на човечкиот капитал и треба да овозможи оспособување на што поквалитетен кадар за работа и што поголема активација на населението на пазарот на труд. Здравјето, образованието и социјалната заштита се трите најважни компоненти кои ќе го подобрат животниот стандард, но и ќе создадат услови младите иднината да ја гледаат во сопствената земја. Верувам дека одличната соработката која ја имаме со Министерството за труд и социјална политика ќе продолжи да се имплементира и во секој нареден проект“,  истакна Масимилиано Паолучи.

Двајцата соговорници оценија дека резултатите од проектите помогнати од Светска банка обезбедуваат системски и долгорочни решенија.

Повеќе од интернетот…

  • Biznispro.com
  • Centar.mk
  • Zena.mk
Следува предвремена исплата на пензиите – ова се датумите кога ќе биде исплатена пензијата

Владата на Република Северна Македонија, на денешната седница, ја разгледа и усвои Информацијата од Министерството за труд и социјална политика за исплата на пензии за месец март 2023 година. Задолжен е Фондот за пензиското и инвалидското осигурување на Северна Македонија да ги достави податоците за пензиите до деловните банки најдоцна до 27.03.2023 година. Се препорачува […] The post Следува предвремена исплата на пензиите – ова се датумите кога ќе биде исплатена пензијата appeared first on BiznisPRO. Прочитај повеќе...

Граѓаните ќе може да добиваат поврат до 8.400 денари од лице годишно, наместо досегашните 7.200 – Мерката “Мој ДДВ” дава резултат и за граѓаните и за државата

Во собранието се изгласа предлог измената на Законот за враќање на дел од ДДВ на физички лица. Оваа измена е со цел од 1 јануари 2023 да се зголеми лимитот на повратот со што наместо 1.800 денари за тримесечие, граѓаните ќе може да добијаат максимален износ од 2.100 денари. Ова значи дека еден граѓанин ќе […] The post Граѓаните ќе може да добиваат поврат до 8.400 денари од лице годишно, наместо досегашните 7.200 – Мерката “Мој ДДВ” дава резултат и за граѓаните и за државата appeared first on BiznisPRO. Прочитај повеќе...

Нова цена на горивата

Регулаторната комисија за енергетика денеска ќе стокми нови цени на горивата кои ќе важат во текот на следната седмица. Во моментов цената на лондонската берза за барел нафта изнесува 83 американски долари, додека на американската е поевтина. Во моментов цените на горивата се – Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 82,00 (денари/литар), Моторен бензин ЕУРОСУПЕР […] The post Нова цена на горивата appeared first on BiznisPRO. Прочитај повеќе...

Каевски: Зголемените инвестициите од членството во НАТО е силен мотив за заложбите кон ЕУ

Со зачленувањето во НАТО заокруживме една од стратешки цели на државата, рече пратеникот на СДСМ, Дарко Каевски во гостувањето во Топ тема. -Веќе имаме затворено едно големо поглавје и сега останува второто поглавје, а тоа е членството во Европската унија. Видовме колку многу придобивки носи членството во НАТО, дава сигурност... Прочитај повеќе...

Груби на средба со Џачка: Интеграцијата во ЕУ е во интерес на државата и граѓаните

Скопје, 27 март – Првиот потпретседател на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, г-дин Артан Груби денес оствари средба со министерката за Европа и надворешни работи на Република Албанија, г-ѓа Олта Џачка која престојува во официјална посета на Скопје. На средбата беа оценети континуираниот политички дијалог... Прочитај повеќе...

Три години Македонија во НАТО – најмоќниот безбедносен сојуз во светот

Денеска се одбележуваат три години од зачленувањето во НАТО, најголемиот и најмоќниот безбедносен сојуз во светот. Во 2020 македонското собрание го усвои Северноатлантскиот протокол со што беше остварен последниот чекор кон зачленувањето во НАТО. Патот кон зачленувањето на Македонија во НАТО беше тежок и макотрпен. Македонија во 2018-та година мораше... Прочитај повеќе...

Еве што се случува во телото на жената за време на ПМС: Хормоните се главни виновници за се

Најголема улога во женското репродуктивно здравје имаат хормоните кои регулираат голем број процеси во организмот. Така, под влијание на хормоните може да се забележат одредени појави во телото на жената во текот на менструалниот циклус, како физички така и емоционално. Покрај тоа што главните симптоми на менструацијата се болни грчеви во стомакот, најверојатно жената ќе... Прочитај повеќе Чланак Еве што се случува во телото на жената за време на ПМС: Хормоните се главни виновници за се се појављује прво на Zena.mk. Прочитај повеќе...

СТАНЕТЕ КРАЛИЦА НА ФЛЕРТОТ, А ЕВЕ И КАКО – Седум трикови за заведување на кои мажите никогаш не можат да одолеат

Ако мислите дека физичкиот изглед е главниот фактор за успешно флертување, вие сте осудени на неуспех. Самодовербата и шармот се поважни од физичкиот изглед. Изгледот е, да не се лажеме, важен, но без шарм и уште неколку ситници е недоволен за успешно заведување. Секако, секој има своја тактика за заведување, но постојат одредени испробани трикови... Прочитај повеќе Чланак СТАНЕТЕ КРАЛИЦА НА ФЛЕРТОТ, А ЕВЕ И КАКО – Седум трикови за заведување на кои мажите никогаш не можат да одолеат се појављује прво на Zena.mk. Прочитај повеќе...

Не сте сигурни дали тој е вистинскиот? – Овие 5 прашања треба да си ги поставите по три месеци врска

Бидете искрени со себе бидејќи од тоа зависи иднината на вашата врска. Откако ќе поминат првичниот занес и огномет од емоции, секоја врска достигнува точка на прекршување. Тогаш е време да се преиспитате себеси и вашите чувства и да одлучите дали врската има иднина или не. Сосема е нормално дека во одредени ситуации нема да... Прочитај повеќе Чланак Не сте сигурни дали тој е вистинскиот? – Овие 5 прашања треба да си ги поставите по три месеци врска се појављује прво на Zena.mk. Прочитај повеќе...

Можеби ќе ве интересира...

Шилегов: Силна финансиска поддршка за граѓаните, 50% поевтин оброк за учениците, до 50% помал трошок за градинките

Vesti +

Хибридните закани предизвик за власта и за опозицијата

Vesti +

Тупанчески:Европската пракса покажа дека закон може да биде проверен од Венецијанската комисија и по неговото донесување

Vesti +

Европскиот пат на Македонија води меѓу македонската сцила и бугарската харибда

Vesti +

Османи во посета на Македонското национално малцинство во Албанија

Vesti +

СДСМ: СДСМ покачува плати и пензии, ВМРО-ДПМНЕ најавува нови блокади на штета на граѓаните

Vesti +