Претседателот Стево Пендаровски денеска го прими Рик Хатавеј, потпретседател на Хабитат за хуманост Интернешнл, за Европа, за регионот на Среден Исток и за Африка.

На средбата, претседателот Пендаровски беше информиран за активностите и проектите на оваа непрофитна организација којашто преку изградба на нови или реконструкција на постојни објекти обезбедува соодветно домување за посиромашните луѓе.

Претседателот Пендаровски изрази благодарност за досегашниот ангажман на оваа интернационална организација во нашата држава. Притоа претседателот Пендаровски искажа поддршка за тековните и најавените проекти на Хабитат – Македонија, којашто е дел од глобалната мрежа којашто е активна во повеќе од 70 држави и има помогнато на над 35 милиони луѓе.